Израел ќе започне да им нуди на возрасните луѓе со слаб имунитет дополнителна доза на вакцина против коронавирус и тоа вакцините на компаниите „Фајзер и Бионтек“.

Израел соопшти дека сè уште проценува дали припадниците на пошироката јавност треба да примат трета доза од оваа вакцина.

Израелскиот министер за здравство Никан Хоровиц изјави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш и дека се чека одлука за поширока дистрибуција.

– Го испитуваме ова прашање и сè уште немаме конечен одговор – изјави Хоровиц за Радиоорувајќи за давање дополнителна доза на пошироката јавност во Израел.

Хоровиц рече дека станува збор за луѓе кои имаат трансплантирано орган или страдаат од медицинска состојба што предизвикува пад на имунитетот.

Според израелското Министерство за здравство, половина од 46 пациенти кои се во сериозна состојба во Израел се вакцинирани лица. Огромното мнозинство од нив биле од ризични групи, постари од 60 години, кои претходно имале здравствени проблеми.