Израелските власти ја одобрија употребата на трета доза вакцина против коронавирус за сите граѓани кои примиле две дози. Како што е соопштено, секој што ја примил втората доза пред пет месеци, има можност да се вакцинира со трета доза.

Израелците кои не ја примаат третата доза, нема да се сметаат за вакцинирани, ако поминале повеќе од шест месеци откако ја примиле втората доза.

Во болниците во Израел има 1.175 пациенти, од кои 726 се во тешка состојба, а 149 се на респиратор.