Израел ги укинува речиси сите ограничувања воведени за борба против ширењето на коронавирусот по значително намалување на бројот на новозаразени и потешки случаи на болеста.

Според соопштението на Министерството за здравство во вторникот, прописите во рамките на таканаречениот зелен пасош истекуваат истиот ден. Тоа значи дека во иднина јавните институции ќе бидат отворени и за вакцинирани и за невакцинирани.

Повеќе нема да биде потребно да се презентира потврда за вакцинација. Сите ограничувања за влез на настани, во продавници и ресторани се укинати.

Сепак, обврската да се носат маски во затворен простор ќе остане во сила, но се верува дека нема да биде долго, пишува „Тајмс оф Израел“. Исто така, обврската за карантин за сите невакцинирани патници кои доаѓаат во Израел останува во сила.

Оваа одлука е донесена по падот на бројот на новозаболени од коронавирус, во неделата се потврдени се само четири нови случаи на зараза.

Земјата со девет милиони жители успешно ја спроведува кампањата за вакцинација од 19 декември.