Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, изјави дека вакцините против ковид-19 не делуваат толку добро против новиот делта-сој.
Според Бенет вакцините се ефикасни против вирусот, но тоа не е доволно зашто делта-сојот се шири низ целиот свет, пренесува „Тајмс оф Израел“

– Не се знае точно до која мерка вакцините помагаат, но се значително помалку ефикасни против новиот сој – изјави израелскиот премиер.

Во Израел досега се вакцинирани повеќе од 5 милиони жители што претставува 58 отсто од населението.

Од вчера стапи на сила наредбата за 24 часовна изолација за сите што влегуваат во Израел, вклучувајќи ги и вакцинираните патници.