Лотар Вилер, шефот на германската агенција за контрола и спречување болести, вели дека Германија е само на почетокот на епидемијата. Тој истакна дека малиот број смртни случаи во однос на бројот на заразени е добар знак, но предупреди дека тој број ќе расте.

Во Германија се заразени повеќе од 34.000 луѓе, а досега умреле 172. Закрепнале 3.532 лица.

– Бројките сигурно ќе се зголемат. Што се однесува до ниската стапка на смртност, не знаеме точно зошто е таков случајот, но има неколку фактори. Направивме широко тестирање низ Германија и откривме многу луѓе со блага форма на коронавирус. Покрај тоа, немаме огромен број постари луѓе кои се заразени – истакна Вилер.

Утринските податоци покажуваат дека ширум светот се потврдени 422.959 случаи на инфекција со коронавирус, 18.907 лица починале, а се 109.144.