Стапката на смртност од срцев удар во Италија е тројно зголемена од 4,1 на 13,7 проценти во однос на истиот период од лани, како резултат на епидемијата предизвикана од ковид-19, објави денес италијанската телевизија Скај ТГ24.

Ова беше утврдено врз основа на споредбата на податоците за период од 12 до 19 март, за време на епидемијата на коронавирусот во Италија со истиот период лани, според италијанската телевизија.

Италија е една од земјите најтешко погодени од ковид-19, со повеќе од 30.000 жртви.