Руските продавници во последниве недели забележаа зголемување на побарувачката на алкохолните пијалоци, особено вотка, виски и пиво.

Во последната недела од март, продажбата на вотка се зголеми за 31 процент во однос на истиот период лани, продажбата на виски е зголемена за 47 проценти, а пивата до 25 проценти, пренесува „Ројтерс“.

– Луѓето секојдневно купуваат вотка, коњак или пиво. Во најголем дел тие го купуваат она што е најевтино – вели вработен во маркет во земјата.

Властите ги повикаа граѓаните да се воздржат од лекување со алкохол, изјавувајќи дека алкохолот не може да го излечи ковид-19 или да спречи пренесување на друго лице.

Во Москва, на граѓаните им е дозволено да излегуваат од своите домови само за да купат храна или лекови, да добијат медицинска помош, да шетаат куче или да фрлаат ѓубре.