Глобалната пандемија со новиот коронавирус ковид-19 сигна во речиси секоја земја, инфицирајќи скоро 340.000 луѓе, а бројот на починати е повеќе од 14.700, но тоа не е сѐ . Како резултат на пандемијата, пазарите паднаа и голем број луѓе влегоа во режим на преживување, влошувајќи ја ситуацијата со паниката што ја предизвикаа,  пренесува „Спутник“.

„Урбан дикшнери“ го измисли зборот „ковидиот“, резервирајќи го за луѓе кои дефинитивно не им помагаат на другите во овие мрачни времиња: оние кои активно патуваат среде пандемијата, ризикуваат да го рашират вирусот или купувачите што хистерично складираат продукти, што предизвикува вистински проблеми во некои области погодени од болеста.

Зборот кружеше на социјалните мрежи веќе некое време бидејќи бројни корисници го изразија својот гнев поради глупавото однесување на некои луѓе кои се премногу опуштени или премногу исплашени да размислуваат исправно.