Во Франција, повеќе луѓе треба да работат од дома за да го спречат ширењето на коронавирусот, рече владата, додавајќи дека надлежните ќе воведат посилни проверки и санкции против компаниите кои доволно не ги почитуваат мерките.

По состанокот, владиниот портпарол Габриел Атал изјави дека ситуацијата се влошува низ целата земја.

Покрај тоа, тој рече дека владата може да додаде уште три региони на својата листа на ризични области што треба внимателно да се следат и за нив е можно воведување на рестриктивни мерки.

– Ситуацијата со епидемијата е лоша – нагласи Атал.

Според надлежните, болничкиот систем во Франција е под голем притисок поради зголемувањето на бројот на пациенти од ковид-19.