Условите во затворот во Белмарш во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен да признае, изјави главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Харфнсон, за РТ, додавајќи дека ковид-19 би можел брзо да се рашири низ објектот.

Затворското опкружување е како лабораториски сад за вируси, објасни Харфнсон, особено толку заразен како што е Ковид-19, кој веќе погоди повеќе од 1 милион луѓе низ целиот свет.

Максималнио обезбедуваниот затвор „Белмарш“ штотуку го првијави првиот смртен случај од оваа болест.Според Харфнсон, има и други загрижувачки знаци.

– Имаме затворски чувари кои влегуваат и излегуваат. Барем една третина од нив не се појавуваат на работа ниту затоа што го имаат вирусот или се во изолација – вели тој.

Харфнсон рече дека е сигурен оти бројот на затвореници кои се заразиле со ковид-19 во „Белмарш“ е несомнено поголем од пријавениот, бидејќи затворските власти едноставно не спровеле доволно тестови за да знаат што точно се случува.

Ситуацијата е особено алармантна за Асанж, кој е во прилично лоша здравствена состојба уште пред појавата на смртоносна болест. Тој има проблеми со белите дробови и би се сметал за изложен на голем ризик дури и ако живее нормално во општеството.