Тиери Бретон, европскиoт комесар за индустрија, му порачал на шефот на стриминг платформата „Нетфликс“ дека овој и другите оператори кои овозможуваат вакви услуги треба да го намалат оптоварувањето на интернетот кое настана затоа што милиони луѓе се во нивните домови поради коронавирусот и активно користат интернет за работа и забава.

Бретон пораче дека операторите треба да го намалат квалитетот на снимката на понудените содржини од висока резолуција, на стандарден приказ.

Во светски рамки, скоро 219.000 луѓе се заразени со коронавирус, а нешто помалку од девет илјади починале.

Во последните 24 часа, во светот имало повеќе од 20.000 нови инфекции, 5.000 повеќе отколку што е забележано во Кина во екот на епидемијата.