Европската комисија нема да купува 100 милиони дополнителни вакцини против ковид-19 на „Астразенека“, како што претходно беше договорено.

Портпаролот на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и ЕУ не планира да ја спроведе.

Комисијата нарача 300 милиони дози од вакцината на „Астразенека“ во рамките на договорот кој предвидува 400 милиони дози, од кои набавката на 100 милиони не е задолжителна.

Европската Унија сè уште не одлучила дали ќе преземе правни мерки против „Астра зенека“ бидејќи не ги испорача договорените количини од вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија. Бриселскиот портал „Политико“ објави дека ЕК се подготвува да поднесе тужба против „Астразенека“ повикувајќи се на пет неименувани дипломати на ЕУ.