Европската Унија се договори со „Фајзер“ и „Бионтек“ да достави дополнителни 300 милиони дози од нивната вакцина против ковид-19, изјави денеска портпарол на Европската комисија.

ЕУ обезбеди 300 милиони дози вакцини на „Фајзер“ во ноември минатата година и на 8 јануари објави прелиминарен договор за уште 300 милиони дози, што предвидува можност за дискутирање на условите за новиот договор.

– Комисијата денес донесе нов договор – рече портпаролот.