Европската унија го надмина прагот од 300 милиони луѓе вакцинирани против ковид-19, соопшти денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

– Надминавме 300 милиони вакцинации во ЕУ – напиша Фон дер Лејен на својот профил на Твитер.

– Секојдневно се приближуваме до нашата цел: следниот месец да испорачаме доволно дози за вакцинирање на 70 отсто од возрасните во ЕУ – додаде претседателката на Комисијата.