Фото: СЗО

Европската Унија ги повика сите држави да ја поддржат Светската здравствена организација (СЗО), откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето за организацијата, пренесува АП.

Портпаролката на Европската комисија,Вирџини Бату Хенриксон рече дека глобалната соработка е единствената ефикасна и одржлива опција за пораз на вирусот ковид-19.

– Ова е време за солидарност.Не е време да се впери прстот или да се поткопа мултилатералната соработка – рече Хенриксон.