Франција, по Шпанија и Италија, се затвора денес, во време кога Европската Унија ги затвора своите граници за да го спречи ширењето на коронавирусот – „глобалната здравствена криза на нашето време“, според Светската здравствена организација.

Од пандемијата на вирусот починале 7.000 луѓе во светот, додека само во Европа бројот на заразени драматично се зголемил.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа потврди дека Европската Унија денеска ќе ги затвори своите надворешни граници за период од 30 дена. Границите се затвораат напладне.

Министерот за економија Бруно Ле Мер рече дека борбата „ќе трае и ќе биде жестока“ и дека „во оваа војна мора да ги мобилизираме сите сили“.

Во Франција досега се потврдени повеќе од 6.600 случаи на инфекција со коронавирус, а починале 148 лица.