ЕУ побарала дозвола од Индија да купи 10 милиони дози вакцини на „Астразенека“ од индискиот „Серумс институт“, изјави претставник на индиската влада.

– Амбасадор на ЕУ напиша писмо, велејќи: ‘Ве молам дајте ни одобрениe за извоз’ – рече неименуван индиски официјален претставник, додавајќи дека писмото било испратено пред околу две недели.

ЕУ бара вакцини од „Серум институтот“, најголемиот светски производител на вакцини, за да го надополни недостигот на залихи од европските погони на „Астразенека“ и да го забрза процесот на вакцинација на ЕУ.

– Какво било брзо одобрување на барањата на ЕУ е малку веројатно, бидејќи Индија работи на зголемување на домашната вакцинација – рече владин претставник.

Велика Британија исто така врши притисок врз Индија за извоз на втората половина од 10-те милиони дози што ги нарачала од тој институт, изјави истиот извор.

„Серум институтот“ првично требаше да ја произведува вакцината „Астразенека“ само за земји со низок и среден приход.

Според „Ројтерс“, овој потег на ЕУ е последен знак на зголемен притисок врз официјален Њу Делхи да извезува најголем дел од своето производство во други земји.

„Серум институтот“, „Астразенека“ и индиското Министерство за надворешни работи не одговорија на барањето за коментар.