Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против ковид-19 од американската компанија „Новавакс“, која користи поконвенционална технологија и за која биотехнолошката компанија се надева дека ќе ги намали колебањата во однос на вакцините.
– ЕМА препорача издавање на условно овластување за пуштање на пазарот на вакцината на „Новавакс“, Нуваксовид, за заштита од ковид-19 кај лица над 18-годишна возраст – соопшти Европската агенција за лекови.
Ова е петта вакцина препорачана за употреба во Европската Унија.