Потребни се две дози на вакцина за заштита од делта-варијанта на коронавирусот, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

ЕМА ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет.

– Потребни се две дози вакцина против ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта – се вели во соопштението на ЕМА.

Европскиот регулатор препорачува употреба на две дози на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ или „Астра зенека“.