Европската агенција за лекови (ЕМА) почна да го разгледува барањето на „Фајзер“ за примена на нивната вакцина против ковид-19 на лица од 12 до 15 години.

ЕМА објави дека ќе спроведе забрзана оценка на податоците за вакцината, што ги вклучува резултатите од големото клиничко испитување кое е во тек, а опфаќа адолесценти на возраст од 12 години.

Како што беше соопштено, резултатите најверојатно ќе бидат објавени во јуни.