Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Џордис Фероли, рече дека вакцинацијата не треба да биде услов за пристапување во Европската Унија, туку дека е потребен дигитален сертификат за коронавирус, што подразбира доказ дека некое лице или било вакцинирано, добило негативни резултати од тестот или се води како оздравено.

Сепак, ЕК им дава само препораки на земјите членки како да се однесуваат за време на пандемија, но државите не се обврзани да го прифатат тоа и секоја постапува според сопствените внатрешни правила, така што она што важи за Унгарија или Грција не важи за Германија или Белгија, па затоа е потребно пред заминување на пат да се провери во амбасадата на секоја земја кои правила во моментот важат за влез.

Како што се наведува, ЕК воспостави зелена листа на која се вклучени сите земји во кои има помалку од 75 заразени на сто илјади жители, а се препорачува нивните граѓани слободно да влегуваат во земјите членки на ЕУ, а од други само по потреба.

Во првиот случај, земјите во кои патуваат жителите на земјите од „зелената листа“ обично бараат тестови или потврда за вакцинација, додека во вториот случај препораката на ЕК да им се дозволи влез на сите вакцинирани лица со вакцини признати од Европската агенција за лекови, без разлика дали патувањето е неопходно или не.