Економската активност во Франција дополнително се нормализира во јули и е само седум проценти под предпандемиското ниво, благодарение на подобрувањата во градежниот сектор, објави Централната банка.

Во јуни, активноста беше девет проценти под нормалното ниво и значително се опорави од март кога беа воведени мерки за блокада за да се запре ширењето на коронавирусот. Резултатот беше пад на активноста 32 проценти под нормалното ниво.

– Закрепнувањето продолжи во јули, иако со поумерено темпо, во согласност со трендот предвиден минатиот месец – покажува месечното истражување на централната банка за деловните услови.

Стапката на искористенот на капацитетите во индустријата порасна во јули за три процентни поени, на 72 проценти, наведуваат од ценбтралната банка, проценувајќи дека активноста во прозиводствениот и услужниот сектор ќе биде стабилна во август.

Позитивниот тренд продолжува во контекс на воведувањето на ограничувањата во Франција и другите европски земји, поради скокот на нови случаи на ковид-19, при што владите настојуваат да избегнат целосна блокада која би ги уништила економиите.