Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината „Астра зенека“, откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со вакцинирање со „Астра зенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин, а Ирска денеска ќе информира што ќе прави понатаму.

Европските земји ја прекинаа употребата на вакцината на „Астразенека“ на почетокот на оваа недела по извештаите за згрутчувања во крвта кај неколкумина што ја примиле вакцината.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера соопшти дека вакцината не е поврзана со целокупниот ризик од згрутчување на крвта.