Европскиот центар за контрола и превенција на болести наведува во извештај за проценка на ризикот дека земјите-членки на ЕУ треба да работат на подготовки за можен втор бран на епидемијата ковид-19.

Центарот повикува на зајакнат систем на контрола, а Европската комисија ја истакнува важноста на комуникацијата со граѓаните за можните ризици.

– Комисијата работи со Центрoт за контрола и превенција на болести и со земјите-членки за да обезбеди доволно комуникација, бидејќи клучно е граѓаните да разберат дека можни се нови бранови на инфекција иако почетната е успешно решена – рече портпаролот на Комисијата, Стрефан де Керсмејкер.

Европската комисија наведува дека тие се во постојан контакт со земјите-членки кога станува збор за состојбата на пандемијата на теренот, но и снабдувањето и капацитетите на здравствените системи ширум ЕУ.

Комисијата забележува дека земјите-членки веќе треба да работат на подготовките за можен втор бран со користење на секоја можност за подобрување на постојните системи за надзор на вирусот.