Европската агенција за лекови (ЕМА) забрзано започна со проценка на апликациите за одобрување и пуштање во промет на лекот дексаметазон, лек што се користи за лекување на возрасни лица хоспитализирани со ковид-19.

Студија во јули покажа дека третманот со дексаметазон го намалува бројот на смртни случаи меѓу хоспитализираните пациенти со тешки респираторни проблеми предизвикани од коронавирусот.

Пациентите биле набљудувани во период од 28 дена, од починатите 29 проценти биле третирани со дексаметазон наспроти 41 процент од оние кои биле на стандардна нега. Тоа е релативно намалување на смртноста за околу 35 отсто. Меѓу пациентите кои примале кислород без механичка вентилација, починале 23 проценти од оние третирани со дексаметазон во споредба со 26 отсто од оние третирани со стандарден третман.

Лековите што содржат дексаметазон се користат со децении.