Данските власти издадоа соопштение за привремено повлекување од употреба на вакцината на „Астра зенека“ како мерка на претпазливост, бидејќи кај некои пациенти се појави згрутчување на крвта кратко по вакцинацијата.

– Овој потег доаѓа по извештајот за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со вакцината на „Астра зенека – изјавија данските власти, пренесува АФП.

Тие додадоа дека во моментот не е позната поврзаноста помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, но дека истрагата е во тек.