Во земји како Италија, Тајланд и Јапонија, присуството на животни на улиците се зголеми како резултат на отсуството на луѓе.

Милиони урбани жители остануваат во своите домови поради карантинот воведен како мерка за спречување на ширењето на ковид-19. Во некои градови е забележано зголемено присуство на животни на улиците. Тие бестрашно се шетаат затоа што речиси и да нема луѓе наоколу, пренесува „Кликс“.

Нара е град познат по големиот парк во кој живеат елени, но некои од нив почнале да излегуваат на улиците во потрага по храна. Обично улиците на овој град се полни со туристи, а сликата на елените кои живеат во Нара е една од најголемите атракции. Луѓето обично ги хранат со крекери. Бројот на посетители во паркот опаѓа последниве недели, така што елените немаат друг избор освен да бараат храна на улиците.

На Твитер беа објавени голем број фотографии на елени, што предизвика шок или страв кај жителите на Нара. Некои корисници велат дека е забавно да се видат во град.

Друго видео прикажува снимка на гладни мајмуни на градскиот плоштад во Лопбури, Тајланд.

Posted by Sasaluk Rattanachai on Вторник, 10 март 2020

Италија е една од најтешко погодените земји од коронавирусот. Многу градови се целосно изолирани поради пандемијата, при што на социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа дека овци, диви свињи и коњи шетаат по пустите улици, пишува Bored Panda.

Еден Италијанец објави фотографија на која се гледа како коњ слободно шета низ улиците на неговиот град. Потоа еден негов сонародник објави фотографија на овци кои трагаат по храна.