Тестирајте ги сите сомнителни случаи, изјави директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Гебрејесус, криткувајќи ги државите дека не го тестираат доволно населението, туку се насочуваат само на мерките за избегнување контакти.

– Имаме едноставна порака за сите земји: тестирајте, тестирајте, тестирајте – изјави првиот човек на СЗО.

И покрај тоа што се затвораат училишта и се откажуваат настани, не се вложува доволно напори во зголемување на тестирањата, изолацијата на нови случаи и пронаоѓање на нови контакти, рекол Тедрос и ги опишал мерките како „рбет на одговорот на Ковид-19.

– Земјите нема да бидат во состојба да се борат против пандемијата ако не знаат кој е заразен, а кој не. Не можете да се борите против огнот со превез преку очите – порача директорот на СЗО.