Александар Гинзбург, директор на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече дека е докажано дека вакцината против ковид-19, „спутник В“, обезбедува имунитет најмалку девет месеци, пренесува ТАСС.

– Во моментов можеме експериментално да гарантираме дека вакцината ‘спутник В’ обезбедува имунитет околу девет месеци и нешто повеќе од тоа – рече Гинзбург за телевизијата Русија 24, наведува агенцијата.

Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи на Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите кои ја примиле вакцината „спутник В“.

– Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото кое на сите ни овозможува да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест – изјави рускиот научник, пренесува агенцијата.