Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска упати апел на земјите во развој да се понуди простување на долговите поради пандемијата од коронавирус, а од ММФ побара да ја разгледа глобалната ликвидност со употреба на валута со специјално право на влечење (СДС).

СДР е пресметковна единица на ММФ, а ја претставува побарувачката на валути и се заснова на групата клучни меѓународни валути.

-Простувањето на долговите не може да биде ограничен на најнеразвиените земји, Мора да биде проширен и на сите земји во развој кои бараат одложување на отплатата на долгови поради губењето пристап до финансиските пазари – нагласува Гутереш.

Земјите во развој кои се веќе во проблеми поради зголемувањето на долговите сега се соочуваат со рекорден пад на глобалната економија, пад на цените на нафтата и извозот на стока, и со слабеење на локалните валути.
Падот на цената на нафтата веќе ги оптовари земјите со средни примања.