Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави Би-би-си.

Мауро Ферари, претседател на Европскиот истражувачки совет, ја критикуваше ЕУ поради тоа што го одбила неговиот предлог за воспоставување опсежна научна програма за борба против ковид-19.

Во изјава, која ја објави „Фајненшл тајмс“, Ферари исто така утврдил дека државите членки не успеале да ги координираат своите здравствени политики.

Европската комисија не ја коментираше оставката на Ферари.