Водечкиот епидемиолог од САД, доктор Ентони Фаучи, рече дека добил смртни закани поради неговата работа во врска со пандемијата на коронавирус.

Станува збор за закани, изјави Фаучи, кои биле упатени до него, но и на неговото семејство и малтретирање на неговите ќерки, поради што, додаде тој, ќе мора да ангажира обезбедување.

– Неверојатно е, посакувам да не мораа да поминат низ тоа – изјави за Си-ен-ен Фаучи, кој е член на работната група за коронавирус во Белата куќа.

Фаучи, кој беше во центарот на јавниот интерес за време на пандемијата, имаше бројни несогласувања во јавноста со американскиот претседател Доналд Трамп.