Членовите на Германската асоцијација на забавувачи (Deutscher Schaustellerbund), како и сите оние кои се незадоволни од ограничувањата наметнати поради пандемијата на коронавирусот, одржуваат митинг во Берлин, спротивставувајќи се на забраната за големи настани во земјата.

Тековните ограничувања ги оставија без работа саемите, панаѓурите и организаторите на настани, бидејќи не можат да привлечат туристи на настаните.

Германската влада претходно олесни некои ограничувања, но остана забраната за големи настани до крајот на октомври што значеше откажување на легендарниот фестивал на пивото „Октоберфест“, како и на други манифестации.
Во моментот, центарот на германската престолнина е блокиран бидејќи демонстрантите собраа околу 300 возила на митингот.