Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денес изјави дека сегашните докази сугерираат дека сите три вакцини против ковид-19, одобрени од ЕУ, обезбедуваат ефикасна заштита од сериозните последици од инфекциите.

– Според она што сега го знаеме, сите три вакцини ефикасно го спречуваат тешкиот тек на болеста ковид-19 – рече Шпан на прес-конференција, објави „Ројтерс“.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Фајзер-Бионтек“, на „Модерна“, како и вакцината на „Астразенека“ во соработка со Универзитетот „Оксфорд“.