Според најавите на министерот за здравство Јенс Шпан

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан вети дека нема да има нови рестрикции за вакцинираните граѓани во таа земја.

– За вакцинираните и излекуваните, сигурно нема да има – изјави Шпан за јавниот сервис АРД, одговарајќи на прашањето дали на есен ќе има ново ограничување.

Тој смета дека е разумно вакцинираните и излекуваните луѓе да можат да уживаат одредени предности.

Претходно, портпаролот на германската влада, Стивен Зајберт, рече дека вакцинираните луѓе можат да сметаат на заклучување само ако се појави нов вид на корона, кој би бил отпорен на вакцини.

– Можам да им кажам на вакцинираните дека, иако бројките сега растат, нема да има промени. А истото важи и за излекуваните. Во услови на ширење на вирусот делта, вакцинираните луѓе не мора да сметаат на нови ограничувања – рече тој.