Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на државните премиери во видеоповик денес дека сè уште нема да има строго затворање на земјата за Велигден. Одлуката уследи еден ден по острата критика во јавноста во Германија, која се однесуваше на претходната одлука за воведување строги мерки до средината на април, а можеби и подолго.

Во услови на многу критики кон канцеларката и најава за нов карантин и строги мерки сè до Велигден, следеше видеосостанок преку интернет, на кој Ангела Меркел им рече на државните премиери дека планираното поостро затворање на земјата за време на велигденските празници нема да се случи.