Германија нема да воведе задолжителна вакцинација против коронавирус, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.

Меркел додаде дека ќе биде побезбедно да се вакцинираат повеќе Германци, да се придржуваат до правилата за дистанцирање и што повеќе тестови треба да помогнат во спречување на четвртиот бран на коронавирус, пренесуваат германските агенции.

– Немаме намера да одиме на овој пат. Нема да има задолжителна вакцинација – рече канцеларката за време на прес-конференција.