Гeрманија поради страв од варијантата омикрон, се придружува на Франција и ги затвора своите граници за повеќето патници од Велика Британија.

Ограничувањата за патување стапува на сила вечерва. Повеќето патници од Обединетото Кралство нема да смеат да влезат во земјата, освен германските државјани, но ќе мора да направат негативен тест при преминувањето на границата и да поминат две недели во карантин без разлика дали се вакцинирани.

Институтот Роберт Кох ги воведе овие нови ограничувања затоа што го прогласи Обединетото Кралство за област со висок ризик од ширење на ковид. Покрај Британија, на листата на земји со висок ризик се и Данска, Франција, Норвешка и Либан, а патувањата од овие земји исто така ќе бидат ограничени.

Вчера во Велика Британија се регистрирани 90.418 нови случаи на зараза со ковид-19.