Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека сите хипотези за потеклото на коронавирусот што ја предизвика пандемијата остануваат отворени.

– Покренати се некои прашања за тоа дали некои хипотези се отфрлени. Сакам да појаснам дека сите хипотези се отворени и дека тие бараат дополнително проучување – рече тој, пренесуваат агенциите.

Тимот експерти кои го проучуваа потеклото на вирусот во кинескиот град Вухан во вторникот изјавија дека е крајно малку веројатно дека излегол од лабораторија за вирологија и дека тоа не е хипотеза за која тие веруваат дека подразбира понатамошно истражување.