Во Шпанија е забележан пад на дневната бројка на смртни случаи во споредба со вчерашните податоци. Министерството за здравство објави дека 683 лица починале во изминатите 24 часа од коронавирус, за разлика од вчера кога починале 757.

Досега, вкупно 15.238 луѓе починале од новиот вирус во земјата, а 52.165 се опоравени. Шпанија бележи 152.446 потврдени случаи на заразени со ковид-19.

Премиерот Педро Санчез се залагаше во парламентот за продолжување на вонредната состојба до 26 април, бидејќи овие мерки очигледно успеваат да ја стават пандемијата „под контрола“.

– Постигнавме врв и сега почнува падот – рече Санчез.