Жителите на кинескиот град Вухан стоеја во редици со часови за да се тестираат на коронавирусот, одѕивајќи се на владината кампања за тестирње на сите 11 милиони жители на градот.

Вухан минатиот месец излезе од карантинот, кој траеше 76 дена. Сепак, се стравува од можни асомптоматски случаи, лицата кои не покажуваат симптоми.

Властите објавија дека имаат намера да ги тестираат сите речиси 11 милиони жители, но приоритети се оние кои работат во образованието, здравството, во сообраќајниот сектор и продавниците, како и владините функционери и граѓаните кои се враќаат од странство или мора да го напуштаат Вухан поради работа.

Иако извесно време немаше нови случаи, се чини дека во Вухан и натаму има асимптоматски пациенти. Секој ден се откриваат по неколку вакви случаи, а некои стравуваат дека ќе се заразат додека чекаат во редовите за тестирање.

Вухан засега дневно има капацитети да тестира 100.000 луѓе, а за да се постигне својата цел за тестирање на сите 11 милиони жители во рамките на 10 дена, дневно ќе биде потребно да се тестираат 730.000.