Шпанските власти соопштија дека во земјата бројот на заразени од коронавирус се искачи на 5.753, од кои скоро 3.000 во Мадрид.

Тоа значи дека за 24 часа бројот на заразени се искачил за 1.500.

Сè уште не се објавени најнови податоци за починати, а до вчера бројката беше 120.

Шпанската влада денеска ќе има состанок за да донесе одлука за воведување вонредна состојба во следните две недели, што ќе ѝ даде на владата вонредни овластувања, меѓу кои и ограничување на слободата на движење на граѓаните.