Шпанија бележи добри вести, велат здравствените власти, бидејќи земјата има најмал дневен број на починати во изминатиот месец, стапката на новозаболени со коронавирус опадна на рекордно низок 1,4 процент, а за првпат има повеќе оздравени отколку новозаболени.

– Ова е ден на добри вести. Епидемијата се одвива како што треба – рече на прес-конференција директорот на лекарската служба, Фернандо Симон, истакнувајќи дека стапката на ширење на инфекцијата паднала на рекордно ниско ниво.

Во петокот починаа 367 пациенти, додека меѓу 399 и 410 починаа во претходните пет дена. Вкупниот број на починати е 22.157 лица, според шпанското Министерство за здравство.