Швајцарија во изминатите 24 часа евидентирала 1.123 нови случаи на коронавирус, со што бројката достигнала 14.336, објави Швајцарската федерална канцеларија за јавно здравје.
 

Вкупно 257 луѓе во земјата досега починале од коронавирусот.

Вчера беа извршени 111.000 тестови за „Ковид-19“, од кои 13 отсто беа позитивни.