Владата на Чешка ќе понуди трета доза на вакцина против коронавирус од 20 септември на секое лице кое е целосно вакцинирано пред најмалку осум месеци, рече министерот за здравство, Адам Војтех.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители, е една од најтешко погодените од пандемијата на коронавирус во однос на смртните случаи со повеќе од 30.400 жртви.

Коронавирусот досега е потврден кај речиси 1,68 милиони Чеси, а се проценува дека бројот е многу поголем.

Владиниот штаб за коронавирус објави дека ревакцинацијата е силно препорачана за луѓе над 60 години, но трета доза ќе биде достапна и за секој што е целосно вакциниран.

„Владата ќе ги вакцинира со ‘фајзер’ и со ‘модерна’ оние што се целосно вакцинирани пред најмалку осум месеци“, рече Војтех.