Научниот тим на Лабораторијата за напредна геномика на Институтот „Руѓер Бошковиќ“ идентификуваше присуство на мутација на бразилскиот вид на коронавирус во Хрватска.

Од вкупно 50 анализирани примероци, во еден примерок е потврдена мутација во шилестиот протеин во позицијата Е484К, кој е утврден во бразилскиот вид на коронавирус, односно варијантата Б.1.1.28, објави Институтот „Руѓер Бошковиќ“.

Во текот на декември 2020 година, јануари и февруари 2021 година се собрани примероци од три хрватски градови – Загреб, Чаковец и Осиек, а бразилскиот сој беше потврден на примерок од Загреб.

Покрај бразилскиот сој, во анализираните примероци не е потврдено присуството на мутација во шилестиот протеин на позицијата Н501Y, односно присуството на т.н. британски вид.