Во еден ден, во Хрватска се пријавени 71 нови случаи на коронавирус, што е значително помалку од петокот.

Инфицирани се вкупно 657, а 49 се излечиле.

Вчера Хрватска објави за смртта на уште две лица – 92 и 60-годишни жени кои починаа од вирусот, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на петмина.

Синоќа, првиот хрватски политичар исто така објави дека е позитивен за коронавирусот, а станува збор за градоначалникот на Солин, Далибор Нинчевиќ, кој ја објави веста на Фејсбук.

Синоќа стана извесно и дека состојбата на две заразени лица кои итно биле пренесени од Дубровник во Сплит се влошила. Сега се на респиратор, пишува „Индекс“.