Француските здравствени власти соопштија дека денеска се потврдени 8.975 нови случаи на ковид-19, што е дневен рекорд откако коронавирусот започна да се шири во Франција на крајот на зимата.

Бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците расте шести ден по ред и сега е 4.671, што е сè уште далеку под рекордните 32.292 лица од 14 април.

Во Франција од коронавирусот досега починаа 30.686 лица во Франција, а 309.156 заболеле.