Во Турција за еден месец со првата доза на кинеската вакцина „Синовак – Биотек“ против коронавирус се вакцинирани 5,2 милиони луѓе, соопшти Министерството за здравство.

Анкара ја започна вакцинацијата на 14 јануари, а започна со здравствените работници и старите лица.

Податоците покажуваат дека повеќе од 5,2 милиони луѓе примиле барем една доза од вакцината.

Околу 900.000, вклучително и високи владини претставници, примиле и втората доза.