Организаторите на Олимписките игри во Токио, кои треба да се одржат од 23 јули до 8 август, објавија книга со правила на кои ќе треба да се придржуваат учесниците на најголемата спортска смотра.

Најважна точка е дека спортистите, на секои четири дена ќе бидат тестирани на коронавирусот. Кај секој што ќе биде потврдено присуството на вирусот, автоматски ќе биде дисквалификуван.

Во документот, кој има 33 страници, се вели и дека спортистите можат да бидат исфрлени од Игрите, доколку не ги почитуваат правилата, донесени од страна на организаторот.

Тоа значи дека ќе биде забрането прегрнување, дружење и ракување.

И покрај тоа што коронавирусот се шири во Јапонија, Владата на оваа земја и организацискиот одбор се сигурни дека ОИ ќе се одржат. Од друга стрна, дури 80 отсто од жителите сметаат дека Игрите треба или повоторно да се одложат, или воопшто да не се одржат.